За Србија, убиството на Оливер Ивановиќ е терористички акт и во согласност со тоа и ќе се однесуваме, рече српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност. Тој истакна дека на седницата било договорено да се испрати писмо до органите на ЕУЛЕКС и УМНИК со барање српските органи да учествуваат во истрагата. Како што рече, тие се уверени дека нивното учество во истрагата ќе значи и откривање на вистината за убиството. Вучиќ нагласи дека Белград нема голема доверба во органите на Приштина.
„Ако не се во состојба, ги замолуваме да ги повикаат нашите органи и да ја прифатат нашата помош бидејќи ние кажуваме дека ќе откриеме кој е убиецот“, рече Вучиќ. Тој потсети дека Белград има протокол за соработка со ЕУЛЕКС и УМНИК.
„Мислам дека тоа може нормално да функционира. Сигурен сум дека ова е толку големо што би можело да помине неистражено и без пронаоѓање на вистинскиот виновник“, порача Вучиќ.
Српскиот претседател рече дека работа на Албанците е да ја обвинуваат Србија за сè и тоа го прават веќе долго време. Вучиќ порача дека убиството ќе биде истражено, а убиецот откриен.
OhridNews
Макфакс