Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика европските институции и земјите-членки на ЕУ да останат на „цврстиот став дека Приштина конечно треба да почне да ги исполнува своите обврски“, што првенствено се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини во Косово, пренесе Бета.

Во објава на Инстаграм тој додаде дека со тоа и во пракса ќе покажат „наводна посветеност за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања“.

Во разговорот во Париз со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, било оценето дека е неопходно да се намалат тензиите.

Се договоривме дека е потребно да се смират сите тензии, да се смират тензиите и рационално да се решаваат проблемите, на што Србија секогаш инсистира, напиша Вучиќ.

OhridNews