Претседателот на Србија Александар Вучиќ, сумирајќи ги своите впечатоци од самитот во Кина, наведе дека зборувал на големиот број средби што ги имал со државници од целиот свет, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Кина имав голем број билатерални средби и разговори со лидери, со рускиот претседател Путин разменив уште неколку зборови. Од премиерот на Тајланд, Лаос, на долг разговор со премиерот на Етиопија, Индонезија, Џоко Видодо, разговаравме за европски прашања со унгарскиот премиер Орбан, со кинескиот вицепремиер, со претседателот на Туркменистан, изјави Вучиќ за новинарите во Пекинг.
Тој додаде дека разговорите и поканите за посета што ги добил ќе значат развој на билатералните односи.
Зборував со претседателот на Кенија, за другиот не можам да гарантирам, но верувам дека нема да има ништо од кениското признавање на Косово, за што пишуваат приштинските медиуми, рече Вучиќ.
Во врска за средбите на Вучиќ со Путин, самиот рускиот претседател Владимир Путин изјави за руските медиуми дека имал „разговор во од“ со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој е загрижен за ситуацијата во неговиот регион и околу Србија. Ја споделуваме неговата загриженост, рече Путин.
И српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека разговарал со Путин, но дека немал билатерална средба.
Вучиќ рече дека забележал дека Путин пука од самодоверба, додавајќи дека имал важна и долга средба со претседателот на Кина Си Џинпинг и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Вучиќ посочи дека при посетата на Кина се потпишани рекорден број договори за соработка на Србија со таа земја, дури 18, како и дека се работи за документи кои предвидуваат стратешка соработка.
OhridNews