Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово.
На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот.
Јас нема да бидам тој што ќе ја потпише независноста на Косово, срам ми е да одам низ Србија и да се правдам пред кого било. Нема предавање, нема да ја признаеме независноста на Косово ниту де фактички, ниту де јуре, но ние сакаме мир со Албанците, сакаме пристојни односи, рече Вучиќ.
Тој оцени дека по избувнувањето на војната во Украина, геополитичката ситуација во Европа и во светот се променила „подрастично и драматично“ отколку по падот на Берлинскиот ѕид, но додаде дека во Србија има „оние кои се преправаат дека не гледаат колку е тешка положбата на земјата“.
OhridNews