Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, ја нарече „срамна“ одлуката на раководството на СЕХА лигата да го исфрли актуелниот македонски ракометен првак од завршниот фајналфор турнир во регионалното натпреварување поради еден позитивен случај на коронавирус во редовите на „црвено – црните“.

Каква срамота. Тие велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи, кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија ниту такво нешто, изјави Вујовиќ.

Претходно оваа недела, Вардар избори рекордно десетто учество на завршниот турнир во десеттото издание на СЕХА лигата, елиминирајќи го хрватскиот првак ППД Загреб во четвртфиналето. Противник на Вардар во полуфиналето требаше да биде белорускиот шампион Мешков Брест, на 3 септември во Задар.

OhridNews