Ракометарите на Вардар утре гостуваат во Хрватска против ППД Загреб во рамките на Лигата на шампионите.
Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ова ќе биде натпревар кој, како што рече „и тие и ние мораме да го добиеме“, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето.
Нè очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ. Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето, изјави Вујовиќ.
Тренерот на „црвено-црните“ смета дека Вардар ја подигна играта.
Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до моментот да играме натпревари кои се близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека пркеу тие натпревари ќе извлечеме добар резултат и ќе ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда, изјави Вујовиќ.
Ова е второ гостување во низа за Вардар, кое носи бодови важни за двата тима, а дуелот е закажан за утре во 20.45 часот.
OhridNews