Наместо на 18 јануари, второто полугодие од учебната 2022/2023 година ќе почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука денеска на 118-та редовна седница.

Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информира владината прес-служба.

OhridNews