Учениците од второ оддение при ОУ „Кочо Рацин“ под раководство на наставничката Виолета Петковска биле дел од Меѓународниот интернет проект „Дијалог 2015“ кој бил организиран од Центарот за телекомуникации за образование на Русија. Во рамки на овој проект учествувале вкупно 5.280 училишта од 77 региони.
Признание за активно учество во рамки на активностите на проектот добила групата „Македонија мојата родина“ што ја сочинувале учениците Андреј, Анабела, Наталија, Тео и Стефанија.
За учество во рамки на останатите проектни активности признанија добиле и учениците Мартин Ристески, Андреј Јованчев, Клара Илоска, Теа Николоска и Трајче Ризвановик.
OhridNews