Фудбалерите на Охрид, утре (петок), на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе одиграат нов контролен натпревар во подготвителниот период. Противник на охриѓани ќе им биде составот на Дрита од Боговиње.
Избраниците на Драган Бочески против тимот на Дрита со кој ќе ги одмерат силите и во новата сезона од Втора Лига ќе ја бркаат првата победа во подготвителните натпревари.
До сега, „рибарите“ одиграа пет тест средби со екипи од Првата лига и претрпеа пет порази Струга Трим Лум (2-0), Шкупи 3-1, Пелистер (4-0), Работнички (2-1) и Македонија ЃП 2-1.
Утрешниот натпревар ќе се игра без присуство на публика.
OhridNews