Во новата натпреварувачка сезона 2010/2011, покрај клупското лиценцирање и котизацијата за натпреварување од 12.000 евра, во две рати по полусеозна, воведена е и новина за терминот на одигрување на натпреварите.


Во првенството, чиј старт е на 1 август, место неделите, саботите ќе бидат резервирани како ден за прволигашки фудбал. Причина за ова е да им се овозможи на играчите со двојна регистрација да настапуваа и за своите екипи во Втората лига, што досега се оневозможуваше од некои клубови.

Во договор на екипите, освен во саботите, своите прволигашки натпревари ќе можат да ги одигруваат и во други денови.

Ohridnews