Охриѓани по пауза од подолго време на „Атина Бојаџи“ ќе имаат можност да гледаат фудбал во рамките од Втората лига.
В сабота во 17:30 часот Младост од Царев Двор во Охрид против Македонија ЃП ќе го одигра премиерниот натпревар во Втората лига.
Младост кој мината сезона низ баражот обезбеди место во Втората лига додека не го санира стадионот во Ресен ќе ги игра мечевите во Охрид.
Мх.П.