Екипите од двете Втори лиги и третолигашите испратија допис до Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија со предлог околу крајот на оваа сезона и расплет на следните сезони кои доаѓаат.

Второлигашките екипи бараат експресен крај сезоната бидејќи до сега не случило ваква пасивна пауза среде сезона. Поради немањето на услови сезоната да продолжи, екипите порачуваат  да нема испаѓање, а во Првата лига пласман да обезбедат првопласираните три екипи на табелата од двете втори лиги. Што значи проширување на Првата лига од 10 на 16 екипи.

Периодов кој следува ќе треба со одлука или барем предлог да излезе ФФМ која неколку пати најави дека будно ја следи ситуација со коронавирусот во Македонија.

OhridNews