Општина Охрид по втор пат упати апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува претстојново лето да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството.
Доколку пловните објекти не бидат отстранети во најкраток временски период тоа ќе го направат надлежните служби на трошок на сопствениците. – предупреди Локалната самоуправа.
OhridNews