На 27-от Државен натпревар по македонски јазик и литература, ученичката од III година Љупка Евроска од Гимназијата „Свети Климент Охридски “ – Охрид, го освои второто место, под менторство на проф. Ирена Бачиќ.

Натпреварот се одржа на 9 Мај во Македонски брод.

Постигнатиот успех е потврда за високиот квалитет на охридската гимназија, кој континуирано се манифестира со забележителни резултати на државните натпревари.

OhridNews