Во втората рунда од Втората кошаркарска лига охриѓани ги очекува нова дерби пресметка во „Билјанини Извори“ против тимот на Пелистер.


Пулените на Петар Чочороски убедливо во првата рунда го совладаа составот на Ангели со што ги потврдија шампионските амбиции.

Пелистер е далеку поквалитетен противник од првиот ривал, но кошаркарите решително влегуваат во овој натпревар кој е закажан за сабота во 19 часот.

Двојки : Академија ФМП – Тетекс, Шкупи – Водњански Лисици, Радовиш – Гостивар, Охрид – Пелистер, Ангели – Вардар.

Табела : Охрид 2, Гостивар 2, Вардар 2, Пелистер 2, Водњански Лисици 2, Академија ФМП 1, Шкупи 1, Радовиш 1, Тетекс 1, Ангели 1.

Мх.П.