Приказната Пештани Екстрим Вертикал дојде до своето второ издание. Ова година на барање на многуте љубители на трчањето на планина започнуваме со нова треил традиција која е дел од викендот на Пештани Екстрим Вертикал, информираат организаторите.
Како и минатото издание покрај двете планински трки ја имаме и детската треил трка која е бесплатна и им овозможува на децата да се запознаат и дружат со убавините на трчањето и планината. Пештани Екстрим Вертикал претставува трка во планинско трчање која се одвива во срцето на Националниот парк Галичица. Трката започнува во подножјето на планината, од центарот на селото Пештани и се движи по директна вертикална линија по западниот дел на Галичица. Несекојдневната патека каква што ретко може да се најде на плананината Галичица, завршува во близина на врвот Чумо Влага, на околу 1800м надморска висина, посочуваат.
Додаваат дека Бајраче Траил е трка на која очекуваат голем број на учесници и е трка преку која сакаат на уште еден начин да ги афирмираат и промовираат убавините на планината Галичица. Трката е во должина од 23КМ ќе започнува со старт од с.Елшани и се движи во близина на местата Трпејчко поле и Корита па се до врвот Лако Сигној, врвот Бајраче кој е највисок дел каде што поминува трасата на трката и повторно до селото Елшани, за да на крај се финишира во с.Пештани.
Наша цел е и едуцирање на најмладите и во таа насока втора година по ред ја организираме Детската траил трка(Peshtani Kids Trail) која уште од првата година доби меѓународен карактер со учество од над 60 деца од 4 држави. Наша главна цел е привлекување на “outdoor” заедницата од нашата земја и од странство и создавање на викенд настан кој ќе биде препознатлив во меѓународни рамки, потенцираат организаторите.
Според агендата во сабота, 28 септември, предвидени се трките Вертикален километар и Детската, додека во недела, 29 септември, Бајраче Треил.
OhridNews