Денес и утре на главниот фудбалски терен при СРЦ „Билјанини Извори“ се одржува фудбалскиот фестивал „Охридски фудбалски надежи“.

Во следните два дена околу 500 деца од охридските фудбалски школи ќе бидат дел од второто издание од фудбалскиот фестивал, информираат од Сојузот на училишен спорт Охрид.

Настанот се одржува под покровителство на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, во организација на Сојуз за училишен спорт Охрид.

OhridNews