Oд 23 – 27 .06.2017 година вo Охрид ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“.

Фестивалот во Охрид се одржува по втор пат и преминува во една традиција во која меѓу другото се одбележува и денот на Република Словенија.

Свеченото отворање на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“ ќе биде на 24.06.2017 година во 20 часот на летната сцена на Долни Сарај – Охрид. На отварањето ќе присуствува и свое обраќање ќе има Н.Е, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија Милан Јанзбец .

Исто така на денот на отворањето на фестивалот во 22 часот на сцената на Долни Сарај ќе одржат концерт Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франс. Исто така изведби ќе има и на повеќе локации низ градот Охрид.

OhridNews