Изминатиот викенд во Струга на реката „Црн Дрим“ се одржа Државното првество во спортски риболов во дисциплината пливка за најмладите натпреварувачи во оваа дисциплина, кадети (деца до 14 години) и јуниори (деца од 15 до 19 годишна возраст).

На натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи од 7 риболовни здруженија од 6 градови од Македонија. Учество зедоа и кадетската и јуниорската екипа на Здружението на риболовци Св. Стефан од Охрид.

Државното првенсто се одржува по програмата од Европските и Светските првенство во оваа дисциплина. Во склоп на првенството се одржаа два натпревари во два дена. Самото ловење риба за кадетите е со траење од по 2 часа а за јуниорите по 3 часа, двата дена. Потоа од двата резултати се пресметуваат екипните и поединечните победници на првенството.

Екипите на Здружението на риболовци Св. Стефан од Охрид постигнаа одличен резултат: Кадетите го освоија 2 место екипно а најдобар поединец беше Илија Рупев кој го освои петтото место поединечно во својата конкуренција со што и обезбеди место во македонската репрезентација во категоријата кадети. Јуниорската екипа го освои 3 место екипно а најдобар поединец беше Адриан Тасески кој се пласира на шестото место.

– Ние сме едни од ретките здруженија во спортски риболов во Р.Македонија кои , вложуваат во најмладите категории, се со цел охридскиот спортски риболов да има своја иднина. Ние сме единствената спортска екипа на ова државно првенство која беше во првите три места во категоријата кадети и јуниори. Задоволни сме што за краток период добивме државен репрезентативец, а најдобрите за оваа година ке бидат и парично наградени од “Св. Стефан – изјави претседателот на ЗРСК Св.Стефан Танас Танасоски. 

И оваа година Здружението ке ги организира летните школи за спортски риболов во најмладите категории кои ке отпочнат со работа наредната недела.

Ohridnews