Атлетичарите од охридскиот клуб Дејан Ангелоски и Миле Јованоски се закитија со сребрен и брозен медал на ноќниот атлетски полумаратон кој се одржа на 9 јуни низ улиците на градот. 

Ангелоски делницата од 10 километри ја помина со време 41 минута и 24 секунди, додека Јовановски за 41 минута и 58 секунди. Охридските атлетичари учеството во Кавадарци го искористија за промоција на Интернационалниот Атлетски маратон кој на 8 септември по повод Независноста на Македонија се одржува во Охрид.

Викендов што измина Стефанија Ристеска како дел од македонската атлетска репрезентација настапи на Балканското првенство за млади младинци, но со оглед дека таа има само 15 години беше надвор од конкуренција и без можност за пласман. Повикот во репрезентацијата е добар потти за Стефанија која е голема надеж на охридскиот клуб.

OhridNews