Произведен далечната 1905 година, единствениот преживеан шестцилиндричен Ролс Ројс, кој Хенри Ројс го произвел пред да се здружи со ЦС Ролс, ќе биде изложен во Глазгов, Шкотска. Машината на милост наречена „стара девојка“, може да се види во Риверсајд музејот, кој ја добил на тригодишна позајмица од Кралскиот шкотски автомобилски клуб.
Претставникот на клубот рекол дека автомобилот на клубот во 1974 година му ги подарил третиот сопственик, Адам МекГрегор Дик. Објаснил и дека благодарение на донаторите, „Старата девојка“ е во потполност реставрирана и дека и е братен некогашниот сјај. Хенри Ројс направил само шест вакви автомобили од кои денес преостанал само овој.