Бројни охриѓани и гости кои престојуваат во градот, вчеравечер, го исполнаа градскиот плоштад каде го проследија настапот на Слаткаристика, Тајзи и Саунд месинџерс кои беа дел од манифестацијата „ Бело Лето“.
Манифестацијата Бело Лето се одржува по трет пат и го означува официјалниот почеток на летната туристичка сезона во Охрид.
Во рамки на трите вечери од манифестацијата која завршува денес угостителските објекти во градот имаат неограничено работно време, а дел од нив нудат и попусти.
OhridNews