Центар за научно истражувачка работа при Факултет за туризам и угостителство Охрид (ФТУ), во соработка со Факултетското студентско собрание е организатор на Втората студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности која ќе се одржи на 22 мај.

Од Факултетот упатуваат повик за пријавување на трудови, како и покана до сите заинтересирани студенти да бидат дел од истата.

Целите на студентската конференција се насочени кон истражување и нови знаења, вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера, развивање презентациски вештини, како и развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели, потенцираат од ФТУ.

Услужниот сектор, велат е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој, генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста.

За илустрација услугите сочинуваат околу 70% од глобалниот БДП и секторот вработува околу 43% од глобалната работна сила. Современите бизниси користат нови технологии и процеси за да ја подобрат ефикасноста и да обезбедат услуги со примена софистицирани знаења за кои се потребни висококвалификувани работници, додаваат.

Настанот е поддржан од Општина Охрид

OhridNews