Втората лидерска средба заврши без договор, информира телевизија Телма. Лидерите на четирите најголеми партии, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, повторно се сретнаа со цел изнаоѓање решение за излез од политичката криза. И овој пат разговорите се одвиваа во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Премиерот Груевски дојде во придружба од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси. Средбата се одржуваше зад затворена врата и без можност за фотографирање.

По завршувањето на првата лидерска средба, што се одржа во четвртокот, учесниците најавија дека е направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјава.

Заев по првата средба излезе со изјава дека останува на барањето за формирање техничка влада, а премиерот Груевски потенциреаше дека не планира да поднесе оставка.

OhridNews

извор Телма