Втората истрага за смртта на британската пејачка Ејми Вајнхаус потврдила дека таа починала од случајно труење со алкохол. Втората истрага била отворена откако било утврдено дека судскиот вештак ги немал потребните квалификации за таа работа.
Ејми Вајнхаус била пронајдена мртва во својот дом, а со првата истрага било утврдено дека починала од случајно труење со алкохол. Судската истражителка подоцна се повлекла од случајот бидејќи нејзините квалификации биле доведени во прашање. Неа ја запослил нејзиниот сопруг кој бил повисок судски вештак во Северен Лондон, иако пет години не била регистрирана како адвокат во Велика Британија.