Седумдесет и седумгодишен пациент, болен од хронична опструктивна болест на белите дробови, е втората жртва на новиот грип тип А (Х1Н1) во Македонија. Тој починал пред три дена на Клиниката за анимација, реанимација и интензивно лекување, каде што бил префрлен на интензивно лекување и поставен на респиратори.

Од Комисијата за пандемски грип информираа дека овој пациент ќе биде пријавен во СЗО како втор починат од новиот грип, бидејќи според нејзините насоки сите пациенти кои имаат хронично заболување, а биле заболени од новиот вториот грип и починале мора да се пријават во организацијата.

Информацијата за новата жртва од свинскиот грип се соопштуваат денеска, затоа што се чекало да бидат потврдени причините за смртта на пациентот, објаснуваат од Комисијата за пандемски грип.

Првата жртва на новиот грип беше 32 годишен маж, кој почина на 18 ноември. Вкупно десега во Македонија се регистрирани 694 заболени од новиот грип, од кои 90 проценти се излекувани.

Ohridnews