Втората фестивалска вечер на Охридскиот џез фестивал е резервирана за концертниот настап на македонската џез уметница Наташа Миха во придружба на Дамир Имери и Иван Бејков.

Фестивалот беше вчеравечер отворен со настапот на музичките виртуози Драган и Ратко Даутовски. Љубителите на квалитетна музика уживаа во уникатниот проект „Звукот на исконот“.

Охридскиот џез фестивал се одржува во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Општина Охрид го организира Фестивалот втора година по ред со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.

OhridNews