Советот на Општина Охрид во вторник ќе ја продолжи втората седница која започна на 4ти јуни, но по барање на советничката група на СДСМ беше прекината.

На утрешното продолжение на седницата, членовите на Советот треба да го изберат новиот претседател на Советот.

Двете најголеми партии во Советот, ВМРО ДПМНЕ (9) и СДСМ (7) тврдат дека го имаат мнозинството и дека нивни кандидат ќе претседава со локалниот парламент. Во јавноста во изминатиот период се шпекулираше со повеќе имиња, но кој ќе го замени привремениот претседавач Драган Пандески и дали, ќе се знае утре, доколку се разбира овој пат партиите и независните советници добро се договориле.

Ohridnews