Втората Регионална Конференција за катастар на недвижности и земјишна администрација, ќе се одржи денеска во Охрид.

Споделувањето на искуствата помеѓу земјите во регионот во правец на создавање на ефикасна и доверлива земјишна администација, како и неопходните реформи и новини во катастраското работење ќе бидат теми на дводневната конференција на која ќе присуствуваат претставници на меѓународни организации и катастри од регионот

На конференцијата што ја организира Агенцијата за катастар на недвижности, учество ќе земат Зоран Ставрески, вицепремиер во Владата на Р.Македонија, Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Р.Македонија, Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во Владата на Р.Македонија, Н.Е Симон Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија,  Билјана Џартова Петревска претставник од Амбасадата на Кралството Шведска, Ева Алберг Ундхајм претставник од Амбасадата на Кралството Норвешка,  Маркус Репник, постојан  претставник на Светска Банка во Република Македонија и  Љупчо Георгиевски , директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
         

Ohridnews