Ракометарките на Лихнид ја забележаа втората победа во женската пионерска лига откако со 15-9 (4-4) го совладаа тимот предводен од Милева Велкова од клупата.


Двете екипи одиграа не ефикасно прво полувреме, а „китовите“ евидетно се поправија во вториот што им донесе триумф втор сезонава.

По шест погодоци во победата постигнаа Тамара Маркоска и Ивона Блажеска додека Теодора Балоска, Викторија Алексиеска и Мила Ложанкоска по еднаш ја затресија мрежата.

Во четвртата рунда ракометарите на Лихнид пред своите гледачи го пречекуваат тимот на Преспа од Ресен.

Ohridnews