Пулените на селекторот Зоран Левески по втор пат за само три дена беа поуспешни од своите врсници од Романија победувајќи ги 5-1.


Триумфот над Романија преставува и втор за охриѓанецот Левески на селекторската позиција, која ја презеде неодамна. Тој истакна задоволство од прикажаната игра во двата контролни натпревари.

– Презадоволен сум од ангажирањето на сите фудбалери кои на овие два тест дуели против Романија покажаа дека со добра работа може да стигнеме до позитивни резултати. Иако само неколку дена трениравме заедно, и после неколку години повторно ја активираме младата футсал селекција за разлика од Романија која во континуитет игра на европските натпреварувања, ние покажавме дека имаме квалитет и во овие млади играчи лежи добра иднина за македонскиот фудбал. Секако со добра организација, со повеќе пријателски дуели, со кампови ќе можеме да бидеме се подобри и подобри. Би сакал да истакнам благодарност до ФФМ и претседателот Илчо Ѓорѓиоски за укажаната доверба да бидам селектор на оваа селекција, како и до селекторот Васко Скендеровски кој секогаш е тука за помош и на овој млад тим – рече селекторот Левески за „Екипа.мк“.

Покрај селекторската функција Левески е активен член на А репрезентација и предводникот на тимот Железарец, кој е апсолутен македонски првак.

Мх.П.