По стартната победа во Гевгелија фудбалерите на Охрид денеска на домашен терен ја забележаа и втората последователна победа во новото првенство во Втората лига. Попладнево Охрид на СРЦ „Билјанини извори“ ја совлада Дрита со 1:0.

Првото полувреме донесе слаб фудбал, а екипите повеќе се испитуваа отколку што правеа нешто конкретно. Во второто полувреме натпреварот доби на динамика а темпото го диктираше домаќинот. Клучниот момент се случи во 70-та минута кога беше досуден пенал за Охрид, а Дрита остана со фудбалер помалку поради црвен картон. Сигурен реализатор на пеналот беше Клечкароски кој на Охрид му ја донесе втората победа сезонава.

М.П./Г.М.