Втор ден граѓани кампираат пред владата на Република Македонија во знак на протест и бараат оставки од премиерот и неговиот кабинет. Велат дека ќе останат таму додека тоa не се случи,
Меѓу демонстрантите кои кампираат пред владата има и седумдесетина охриѓани, студенти, незадоволни граѓани, членови и симпатизери на опозицијата. Пред владата е и претседателот на општинската организација на СДСМ – Охрид Томислав Тунтев.
– Пред владата вечерва се случува една прекрасна забава. Ова е натпартиски собир на прогресивни, слободоумни луѓе, кои знаат што е слобода и затоа испраќаат порака во светот дека сакаат да ја живеат. Меѓу нив сме и ние охриѓани. Во континуитет не има по 60-70. Тука сме преку ден и преку ноќ и остануваме заедно со сите други до исполнување на нашите барања. – вели Тунтев.
Бројот на демонстранти пред владата се зголемува во попладневните и вечерните часови и во континуитет ги има помеѓу 1500-2000, додаде Тунтев.
OhridNews