Пиперкоски наградата ја освои за филмот „Крв и мед“ кој беше прикажан во рамки на програмата “Манаки Скрипт Корнер“ која е новина на фестивалот и има за цел да промовира, помогне и школува млади филмски автори.
Првата награда ја доби сценариото „Халоха“ на Бахтијар Кудојназаров, Зунвас Арбаду и Веит Хелмер, додека втората награда со Пиперкоски ја подели уште еден македонски автор, Огнен Георгиевски за филмот „Жртва“.