Водечката екипа на табелата во Втората МФЛ-запад, Пелистер имаше сигурен старт на пролетната полусезона откако на домашен терен со 3-0 го совладаа Дебар.

Битолските „зелено бели“ отпорот на гостите го скршија после седум минути игра. За домаќините погоди Борха Кордоба. Во 21-та минута домашните фудбалери зголемија на 2-0. Фазлију Љавдримстрелаше прецизно за големо водство. Печат на победата стави Благојче Главевски со погодок во 90-та минута.

Победи во воведната рунда од втората полусезона забележаа Скопје кој славеше над Велазерими со 2-0 и Вардар Форино кој подобар беше од Дрита со 2-0. Кадино и Гостивар ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1. 15-та рунда ќе се комплетира со утрешното дерби помеѓу Лабуништа – Охрид на Градскиот стадион во Струга.

Резултати: 

Пелистер – Кораб 3-0

Скопје – Велазерими 2-0

Кадино – Гостивар 1-1

Вардар Форино – Дрита 2-0

Лабуништа – Охрид (Недела 14)

Табела: Пелистер 30, Скопје 25, Велазерими 25, Лабуништа 24 (-1), Вардар Форино 21, Дрита 20, Гостивар 19, Кораб 18, Охрид 11 (-1), Кадино 9.

OhridNews
Фото: Гол.мк