Со поделба на бодовите 1-1 (0-0) заврши дерби пресметката на Градскиот стадион во Струга помеѓу екипите на Пелистер и Лабуништа во рамките од 9-та рунда во Втората лига-запад.

Ремито отиде во прилог на гостите од Битола кои ја задржаа предноста на табелата од пет бодови во однос на Лабуништа и Дрита кои имаат ист број на бодови.

Дерби средбата очекувано почна со тактичко надмудрување на средината од теренот со блага иницијатива на домашниот состав. Првата конкретна прилика, Лабуништа ја имаше во 30-та минута, кога ударот со глава на Илија Далчески заврши во стативата и во гол аут. Истиот фудбалер се закани повторно, но обидот од 20-тина метри заврши над голот.

Во второто полувреме, иницијативата на Лабуништа продолжи а Пелистер повеќе мислеше да го сочува сопствениот отколку да го загрози противничкиот гол. Храбрата игра на домаќините им донесе водечки погодок. Сунај Хасан со глава ја погоди мрежата на Пелистер после одличниот центаршут на Дарко Симјаноски.

После водството, Лабуништа се повлече а нешто подобра игра прикажа Пелистер. Измените на теренот ја освежија екипата и донесоа протокот на топката. Во 81-та минута Пелистер изедначи преку Борче Маневски, кој искористи катастрофална грешка на потесната одбрана.

Во последните десеттина минути, фудбалски возбудувања немаше а имаше покрај аут линија и на клупите. Од клупата на Лабуништа исклучени беа двајца претставници, додека во таборот на битолчани неколку претставници добија жолти картони.

Пелистер ја исполни целта со ремито во Струга и ја задржа предноста од четири бодови, додека Лабуништа во следната рунда ќе брка победа после две рунди без триумф.

Резултати 9.рунда:

Кадино – Велазерими 0-0

Лабуништа – Пелистер 1-1

Вардар Форино – Кораб 2-2

Скопје – Гостивар 4-2

Дрита – Охрид 0-1

Табела: Пелистер 20, Лабуништа 15, Дрита 15, Велазерими 14, Скопје 13, Гостивар 12, Вардар Форино 11, Кораб 11, Кадино 8, Охрид 7

OhridNews