Охридската колонија во Еуромилк прокнижи нови три бода победувајќи ја Локомотива 2-0, а идентична победа славеше Гостивар над Баби.
Екипата на Скопје во Охрид на зелената маса ќе ги добие бодовите откако домаќините не го започнаа вториот дел. По првите 45 минути “пиратите“ имаа предност од 4-0 и победата не беше доведена под знак прашалник.
Лидерот на табелата Македонија Ѓорче Петров мечот со 11 Октомври ќе го одигра в недела.
Резултати : Еуромилк – Локомотива 2-0, Гостивар – Баби 2-0, Охрид – Скопје 0-4 (прекин), Победа – Маџари 0-1, Руфеја – Миравци 1-1, Врапчиште – Корзо 2-2, Тиквеш – Новаци 0-3.