В сабота (утре) во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се одигра 11-та рунда. Охридските фудбалери ги очекува локална дерби пресметка со тимот на Велешта.

Правдата на вториот дуел помеѓу Велешта – Охрид ќе ја дели Доне Ристевски од Гевгелија. На Ристевски ќе му помагаат Тоше Ицев (Кавадарци) односно Иван Танев (Гевгелија). Мечот се игра во 13 часот.

Охриѓанецот Фатмир Бафто ќе го суди мечот во Автокоманда помеѓу Скопје и Вардар Форино. На Бафто ќе му помагаат Ацо Мацевски (Струга) и Горан Балевски (Охрид).

  • Двојки и судии:

Скопје – Вардар Форино (Фатмир Бафто/Охрид)

Велазерими – Кораб (Владимир Ѓорѓиевски/Битола)

Дрита – Кадино (Стојанче Стојанов/Штип)

Велешта – Охрид (Доне Ристевски/Гевгелија)

Гостивар – Тетекс (Марјан Стојановски/Кичево)

OhridNews