Фудбалерите на Велазерими го освоија целиот плен во Струга совладувајќи го тимот на Лабуништа со 1-0 (0-0) во дерби средбата од 11-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Велазерими со триумфот против Лабуништа се изедначи со Пелистер на врвот од табелата кој изгуби на домашен терен од Скопје со 3-2. Човек на одлука на Градскиот стадион во Струга беше Аздрен Мена, кој погоди во 63-та минута од мечот.
Во рамките од 11-та рунда, Охрид на гостувањето во Гостивар претрпе пораз од 2-0 од истоимената екипа. Домаќините постигнаа по еден гол во двете полувремиња за сигурна победа.
Резултати:
Лабуништа – Велазерими 0-1
Кадино – Вардар Форино 1-2
Пелистер – Скопје 2-3
Кораб – Дрита 2-1
Гостивар – Охрид 2-0
Табела: Пелистер 20, Велазерими 20, Скопје 19, Лабуништа 18, Гостивар 18, Вардар Форино 17, Дрита 15, Кораб 14, Кадино 8, Охрид 7
OhridNews
Фото: Шакир Алиоски