Екипата на Велазерими со погодок од пенал во 90-та минута избегна пораз и обезбеди нерешен исход на домашен терен во Кичево со Лабуништа ремизирајќи 1-1. Гостите поведоа на стартот од второто полувреме а во финишот останаа без целиот плен, откако домаќините реализираа пенал.
Незадоволни од судиската одлука и судењето во текот на натпреварот, управата на Лабуништа испрати официјално соопштение.
- Судиската четворка на чело со Фуркан Идризи е срам за македонскиот фудбал. Цели 90-ет минути судеше тендициозно и на штета од нашата екипа. Прво дозволи агресивна и на моменти груба игра. Шлагот на тортата на лошото и срамното судење беше пеналот кој го досуди главниот судија. Потоа мечот место четири минути го продолжи две и досуди крај откако ја исполни мисијата да не ги освоиме трите бодови. ФФМ е на потег да пресечи и да не дозволува вакви пропусти и циркузи на натпреварите. Ние како управа сме задоволни од фудбалерите и нивниот ангажман и за нас тие се победници. – стои во соопштението од управата.
Двете екипи после две одиграни рунди имаат по четири бодови и се наоѓаат во горниот дел од табелата.
Резултати 2.рунда: Велазерими – Лабуништа 1-1, Охрид – Гостивар 0-1, Дрита – Кораб 3-1, Вардар Форини – Кадино 3-0, Скопје – Пелистер 2-1.
Табела: Дрита 6, Скопје 4, Лабуништа 4, Велазерими 4, Пелистер 3, Вардар Форино 3, Гостивар 3, Кораб 1, Охрид 0, Кадино 0
Двојки 3.рунда: Пелистер – Дрита, Кадино – Скопје, Кораб – Охрид, Лабуништа – Вардар Форино, Гостивар – Велазерими.
OhridNews
Фото: Шакир Алиоски