Велешанецот Игор Иванов ќе ја дели правдата на натпреварот Велазерими – Охрид во рамките од 5-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
На 29-годишниот арбитар во Кичево ќе му помагаат Петар Новачев односно Роберт Црвенов.
Иванов прв пат сезонава ќе им суди на Велазерими и Охрид, а за кого ќе биде среќен ќе дознаеме в сабота во 15:30 часот.
Двојки и судии:
Велазерими – Охрид (Игор Иванов)
Велешта – Кораб (Александар Урошевиќ)
Дрита – Гостивар (Марјан Младеновски)
Скопје – Тетекс (Влатко Илиоски)
Вардар Форино – Кадино (Дени Лековски)
OhridNews