Фудбалерите на Охрид успешно тргнаа во пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад, совладувајќи го Кораб со 2-0, полувреме (1-0).
Триумфот во локалната дерби пресметка (за кратко) ги лансираше охриѓани на втората позиција на табелата, која води во баражот за влез во елитата. Во прилог на „рибарите“ отиде ремито (0-0) на Велешта во Кичево против Велазерими, додека Гостивар следниов период ќе добие службени бодови од дуелот со Вардар Форино, кој не се одигра и ќе го помине Охрид на табелата.
- Резултати:
Охрид – Кораб 2-0
Кадино – Тетекс 0-0
Вардар Форино – Гостивар не се одигра
Велазерими – Велешта 0-0
Скопје – Дрита 2-1
Табела: Скопје 40, Охрид 31, Велешта 31, Гостивар 30 (-1), Кораб 24, Велазерими 23, Кадино 16, Тетекс 14, Дрита 10, Вардар Форино (отстранет)
OhridNews
„Рибарите“ стартуваа со победа, Кораб без шанси на „Билјанини Извори“