Водечката екипата на табелата во Втората МФЛ, Струга Трим Лум ја задржа предноста од шест бодови во однос на второпласираната Лабуништа победувајќи го Велазерими со убедливи 5-0 на домашен терен во струшко Радолишта.

„Црвено белите“ отпорот на гостите го скршија во 40-та минута со погодокот на Христијан Драгарски. На почетокот од второто полувреме стружани зголемија на 2-0 со автоголот на Илир Мемети. Проблемите за кичевчани се зголемија во 63-та минута кога Адили Мурат доби втор жолт, автоматски црвен картон и предвреме го заврши мечот.

Бројчаната предност на теренот стружани ја капитализираа во последните минут кога со головите на Алтин Лога, Фљамур Таири и Флорент Османи стигнаа до убедлив триумф.

Резултати: Струга Трим Лум – Велазерими 5-0, Лабуништа – Кораб 1-0, Скопје – Гоблен Јуниор 1-1, Гостивар – Генч Калемлер 1-0, Пелистер – Тетекс 0-1

Табела: Струга Трим Лум 37, Лабуништа 31, Гостивар 29, Скопје 26, Пелистер 26, Велазерими 25, Кораб 23, Тетекс 21, Гоблен Јуниор 20, Генч Калемлер 18.

OhridNews