Екипата на Охрид ја одбрани честа на гостите во третата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад освојувајќи бод на гостувањето кај Дрита во Боговиње. „Рибарите“ во интересен и тактичко тежок натпревар ремизираа 0-0.

Во преостанатите четири натпревари од третата рунда домаќините ја искористија предноста која го носи домашниот терен и забележаа победи. Велешта со 2-0 го совлада тимот на Тетекс. Стрелец на двата голови беше Алтин Лога.

Скопје и Гостивар со идентичен резултат ги совладаа Кадино односно Кораб. Велазерими мразот во второлигашката конкуренција го скрши со триумф 2-0 над Вардар Форино.

Резултати: 

Дрита – Охрид 0-0

Гостивар – Кораб 1-0

Велешта – Тетекс 2-0

Скопје – Кадино 1-0

Велазерими – Вардар Форино 2-0

Табела: Гостивар 7, Скопје 7, Велешта 6, Кораб 6, Охрид 5, Велазерими 3, Кадино 3, Дрита 2, Вардар Форино 2, Тетекс 0

OhridNews

Охрид ремизираше со Дрита