Екипата на Охрид во најефикасниот меч сезонава, со 5-0 ја совлада Дрита и ја запиша петтата победа во второлигашката конкуренција. Награда за маестралната претстава, „рибарите“ добија од специјализираната страна за фудбал „Макфудбал.мк“, која вклучи дури три фудбалери од Охрид во тимот на колото.
Место помеѓу најдобрите 11 обезбедија дефанзивецот Славе Маркоски, фудбалерот за врска Бурхан Алији и напаѓачот Александар Целески. Да биде речиси се во знакот на охриѓани е изборот на Марино Маркоски за тренер на колото. За младиот охридски стратег ова е втора награда, првата ја обезбеди после триумфот над амбицизниот Гостивар.
OhridNews
Видео: Фуриозен голгетерски финиш на Охрид за убедлив триумф над Дрита