Без голови и без победник заврши мечот меѓу Гостивар и Влазрими во 17-та рунда од Втората македонска фудбалска лига.
Екипата на Влазрими предводена од охридскиот стратег Драган Бочески ниту во третиот натпревар од втората полусезона не успеа да се израдува на победа.
Наспроти нив фудбалерите на Младост по одличниот почеток на полусезоната го положија оружјето во Скопје претрпувајќи пораз 2-0 од истоимената екипа.
Резултати : Напредок – Еуромилк 1-4, Скопје – Младост 2-0, Гостивар – Влазрими 0-0, Дрита – Кожув, Македонија ЃП – Шкупи
Табела : Шкупи 36 (-1), Гостивар 29, Младост 27, Влазрими 24, Македонија ЃП 23 (-1), Скопје 23, Еуромилк 21, Кожув 19 (-1), Дрита 17 (-1), Напредок 7.
Мх.П.