Екипата на Тетекс освои три драгоцени водови во битката за опстанок, откако на домашен терен, во рамките од 20-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад го совлада тимот на Велешта со 2-1.
Во снежните услови за игра подобро се снајдоа „штофарите“, кои со по еден погодок во двете полувремиња ја обезбедија победата. Велешта во финишот намали на 2-1, но не успеа да се извлече од пораз.
Тетовчани резултатот го отворија во 16-та минута со голот на Демири Хусеин. Велешта во 69-та минута остана со фудбалер помалку, поради два жолти картони на Илирид Насуфи. Во 76-та минута се зголемија проблемите на Велешта. Домаќините поведоа со 2-0. Стрелец на голот беше Хусеин од белата точка. Во 82-та минута, гостите намалија на 2-1, преку Бујамин Асани. Во последните осум минути плус судиското продолжение, Тетекс го задржа водството и забележа голема победа.
Поради лошите временски услови и состојбите на терените, одложени беа мечевите во Богивање (Дрита – Гостивар) и во Дебар (Кораб – Велазерими). Двата одложени мечеви се закажани за в среда.
- Резултати:
Кадино – Скопје 0-0
Тетекс – Велешта 2-1
Кораб – Велазерими одложена
Дрита – Гостивар одложена
Охрид слободен
OhridNews
Фото: Архива