Искусниот арбитар со прволигашко искуство Дејан Јакимоски ќе ја дели правдата на дуелот Тетекс – Охрид, во рамките од последната 27-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Дуелот во Тетово за „рибарите“ е да се биде или не во битката за втората позиција која води во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига. На охриѓани им е потребна било каква победа за осигурување на позицијата број два. Затоа, сосема очекувано е што арбитар од калибарот на Јакимоски ќе се појави на центарот во Тетово. Асистенти на Јакимоски ќе му бидат Дејан Димитриевиќ и Филип Ицковски од Скопје.
Охриѓанецот Мишо Ѓорѓиески ќе го суди натпреварот Кадино – Гостивар. На Ѓорѓиески ќе му асистираат стружаните Климент Ристоски – Марио Мојсоски, а четврти судија е Бафто Фатмир.
- Двојки 27 рунда:
Дрита – Кораб (Здравко Костовски/Штип)
Тетекс – Охрид (Дејан Јакимоски/Скопје)
Кадино – Гостивар (Мишо Ѓорѓиески/Охрид)
Скопје – Велешта (Благојче Ралевски/Битола)
Табела: Скопје 57, Охрид 46, Велешта 46, Гостивар 42, Кораб 33, Кадино 27, Велазерими 27, Тетекс 24, Дрита 21, Вардар Форино откажан.
OhridNews