Без голови и без победник заврши супер дербито во Охрид помеѓу лидерот на табелата Струга Трим Лум и Лабуништа на стартот од пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Струга Трим Лум имаа повеќе од играта, креираа неколку прилики за погодок, но немаа одговор за бедемот пред голот на Лабуништа. Разликата после двата големи ривали останува еден бод и продолжува трката за првата позиција на табелата.
Победа на стартот од втората полусезона забележаа Пелистер кој славеше 2-1 против кичевски Велазерими и Тетекс кој беше подобар од Гостивар со 2-1. Бодовите ги поделија Генч Калемлер и Скопје ремизирајќи 1-1. 14-та рунда ќе се комплетира со утрешниот дуел помеѓу Гоблен Јуниор и Кораб.
Табела: Струга ТЛ 28, Лабуништа 27, Скопје 21, Велазерими 21, Пелистер 21, Гостивар 19, Кораб 18, Генч Калемлер 16, Гоблен Јуниор 14, Тетекс 9.
Мх.П.