Пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе има спектакуларен почеток со супер дербито помеѓу локалните ривали Струга Трим Лум и Лабуништа.
Натпреварот помеѓу есенскиот шампион Струга Трим Лум и второпласираната Лабуништа ќе се одигра в сабота во 14 часот на охридскиот стадион „Билјанини Извори“.
Двете екипи имаа успешни зимски подготовки и дуелот во Охрид ќе биде вистински празник за фудбалот. Сите љубители кои нема да можат да го проследат мечот од трибините ќе можат да го гледаат во живо на официјалната страна од ФФМ.
Правдата во Охрид на супер дербито ќе ја дели кичевчанецот Александар Грујовски, а охриѓанецот Фатмир Бафто ќе биде четврти судија.
Во првиот меч сезонава Струга Трим Лум и Лабуништа ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.
Двојки: Пелистер – Велазерими, Тетекс – Гостивар, Струга Трим Лум – Лабуништа, Гоблен Јуниор – Кораб, Генч Калемлер – Скопје
Табела: Струга Трим Лум 28, Лабуништа 27, Скопје 21, Велазерими 21, Гостивар 19, Кораб 18, Пелистер 18, Генч Калемлер 16, Гоблен Јуниор 14, Тетекс 9
OhridNews